a421468bc45e81fe527fb63d1e0f10a1_original

Да се имаат надворешни звучници за да можете да го поврзете телефонот или таблетот и да изгледате филм со убаво аудио искуство е една работа, но да се имаат модуларни звучници кои можат да се надградуваат и претвораат во нешто друго е нешто повеќе.

Се работи за SparkBlocks, Kickstarter проект за модуларни звучници кои можат меѓусебно да се закачуваат во која и да ја замислите стандардна и нестандардна конфигурација. Основниот пакет (кој чини 89 долари) ви дава еден звучник од 2 инча, 4 часовна батерија и влез преку стандардна мала банана (3,5 мм).

На тоа можете да закачувате други модули по желба, како што се дополнителна батерија, Bluetooth модул, дополнителни звучници (па можете да правите дури 5.1 комбинации), светилки и други додатоци. Едниот од модулите дури вклучува екран осетлив на допир кој го поврзувате со телефонот и преку него можете да одговарате на повици, да симнувате песни и да прегледувате известувања!

Цената на модулите и на системот не е мала, како што можете да видите. На пример, за да земете MainBlock (основниот звучник) + BluetoothBlock + BatteryBlock (дополнителна батерија) ќе треба да се одделите од 199 долари, што сепак не е мала цена, а за таа цена постојат веќе доста квалитетни аудио системи.

Како и да е, ако сметате дека овој проект е за вашето уво и сакате да го поддржите (а притоа да се обезбедите со по некој модул), можете да се упатите на официјалната Kickstarter страница.

Извор: Engadget Kickstarter, Ubergizmo

Претходна статијаСледната година започнуваат тест летовите на најголемиот авион на светот – Stratolaunch
Следна статијаЈапонските истражувачи создадоа супербрз проектор во боја