usb_oneplus

USB Type-C, новиот конектор кој што корисниците одамна го чекаат донесе неколку промени кај овој стандард. Една од главните новини која што поголемиот број од корисниците ќе ја ценат е тоа што конекторот веќе нема да биде важно од која страна е вклучен. Тоа важи и за страната на кабелот, како и страната на самиот конектор.

Со оглед на фактот што овој кабел е нов, нема многу производи, а посебно од најпознатите компании кои што доаѓаат со негова компатибилност. Еден од најпознатите производи кој што дојде со USB Type-C е секако новиот модел на MacBook кој што доаѓа само со едена порта.

Бројот на масовно користени уреди кој што ќе го вклучат новиот USB Type-C ќе се зголеми со најавата од страна на OnePlus за нивниот втор модел кој што треба да биде најавен до крајот на оваа година, OnePlus 2.

За овој модел веќе можевме да прочитаме дека ќе доаѓа со подобрена верзија од Snapdragon 810 чипсетот, па со најавата за Type-C може да се каже дека и втората генерација од OnePlus може да го очекува успехот на претходникот.

Од компанијата веќе го промовираат својот нов модел како првиот знаменосец (flagship) мобилен телефон кој што ќе доаѓа со новиот USB Type-C.

Извор: OnePlus Blog

Претходна статијаMicrosoft објасни на кого ќе му следува бесплатна верзија од Windows 10
Следна статијаWindows 10 ќе поддржува VR околина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.