nokia-x2

По големиот број на шпекулации, како и негирањето за можноста за враќање на пазарот за мобилни телефони, Nokia сепак официјално не се откажува.

Оваа информација прво дојде од директорот на компанијата кој што во интервју за германскиот Manager Magazin изјави дека корисниците може да очекуваат повторно да го видат Nokia брендот на мобилен телефон.

Ова се разбира може да се очекува најрано од крајот на идната година, кога и истекнува рокот поставен во договорот кој што беше потпишан при купувањето на делот за мобилни и уреди од страна на Microsoft.

Одговор на прашањето за враќањето на Nokia дополнително објавија од компанијата преку нивниот блог оваа недела. Кратко кажано, нивниот одговор е: „Комплицирано е“.

Во објаснувањето тие го потврдуваат тоа што и се претпоставуваше, а тоа е дека тие планираат да се вратат на пазарот на мобилни телефони, меѓутоа тоа ќе биде на нешто поразличен начин од порано.

Со продажбата на делот за мобилни и уреди на Microsoft, Nokia веќе ги нема потребните ресурси за производство, рекламирање и дистрибуција на мобилни телефони. Затоа тие враќањето би го направиле во форма како што беше пуштен и Nokia N1 таблет компјутерот.

Овој таблет, односно новите мобилни телефони би биле дадени на компанија која што Nokia ќе треба да ја пронајде, која што ќе ги преземе сите потребни активности, како што е производството, рекламирањето, дистрибуцијата и слично.

Nokia како компанија ќе го лиценцира користењето на брендот, а исто така ќе нуди и помош и насоки во дизајнирањето на уредите. Како што истакнуваат од компанијата, тие ќе се обидат да најдат друга компанија која што ќе може да ги произведе уредите кои што корисниците би сакале да ги користат.

Како и претходно, најавата за достапноста на Nokia телефон е најавена за најрано четвртата четвртина од идната година, кога и истекува забраната од договорот со Microsoft.

Извор: Nokia, VB

Претходна статијаFirefox за Windows 10 со прилагоден интерфејс и дизајн насоки
Следна статијаМакпетрол АД Скопје, промовираше ново горивo – Ultra LPG plus
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.