Foto 1

Макпетрол АД Скопје ја заокружува својата понуда со воведување на новото гориво од фамилијата Ultra, Ultra LPG plus и со воведување на ВЕРНА Loyalty програмата.

На денешната прес конференција одржана во хотелот Холидеј Ин, компанијата за дистрибуција и промет со нафтени деривати Макпетрол АД Скопје го презентираше новото ребредирано и подобрено гориво, Ultra LPG plus.

Макпетрол АД Скопје во палетата на горива Ултра, покрај горивата Ultra Diesel Power Jet, Ultra Diesel Bio Jet, Ultra 100 Race Pro, Ultra 95+ economy, воведува и ново Ultra LPG plus гориво специјално прилагодено за користење во возилата.

Во денешно време многу корисници се ориентираат да возат на плин како алтернативно гориво во обид да ги намалат своите месечни трошоци. Но, доколку квалитетот на авто плинот не е со највисоки стандарди, во него може да има состојки кои се штетни за моторот.

Макпетрол секогаш се грижи за своите потрошувачи и затоа ги применуваме највисоките стандарди за квалитет на горивата. Авто ТНГ горивото на Макпетрол, односно течниот нафтен гас за автомобили, целосно го задоволива македонскиот и европскиот МКС ЕН 589 стандард.

Ние како компанија секогаш се залагаме на потрошувачите да им го понудиме најдоброто решение зa нивното возило. Ultra LPG plus горивото на Макпетрол е збогатено со адитиви специјално дизајнирани за употреба како ефикасно погонско гориво во возилата.

Новото Ultra LPG plus гориво на Макпетрол овозможува:

Намалување на ефектот на рано палење на горивната смеса и зголемување на моќноста на моторот, отстранување на остатоците и наслојките во системот за вбризгување со што се овозможува подобро распрскување и согорување на горивото што доведува до зголемена ефикасност на моторот, економична потрошувачка и намалени емисии на издувни гасови.

Штити од корозија со отстранување на водата и другите нечистотии, со што се обезбедува поголема заштита на системот за гориво. Исто така овозможува подобар старт на топло и студено време, со истовремена зштеда на гориво, обезбедува подобра мазивност на системот за довод и согорување на горивото и ги отстранува сите проблеми поврзани со присуството на пропилен и други незаситени јагленоводороди“, истакна Горан Ангеловски, директор на дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија.

Foto 3

Уште една новост која Макпетрол АД Скопје ја презентираше на оваа прес конференција беше успешното работење на ВЕРНА Loyalty програмата.

Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба истакна дека кон крајот на минатата година Макпетрол воведе програма за лојални потрошувачи ВЕРНА LOYALTY која не ги ограничува потрошувачите каде и кога ќе ги користат стекнатите поени, по што како Компанија се единствени на македонскиот пазар. Со програмата, преку издавање електронски картички, а согласно најновите светски стандарди, Макпетрол ја наградува лојалностa на своите потрошувачи. Потрошувачите собираат поени за секој наполнет литар гориво на бензинските станици, како и за секој купен дополнителен производ, а истите потоа лесно можат да ги користат за купување производи од дополнителниот асортиман со приложување на својата ВЕРНА картичка.

„Ја создадовме картичката ВЕРНА како дел од стратегијата за воведување и користење целосна современа комуникациска платформа помеѓу компанијата и своите потрошувачи, преку која дознаваме за нивните потреби, ги исполнуваме и постојано сме во контакт со нашите клиенти.

Во моментов има повеќе од 45.000 корисници на ВЕРНА LOYALTY програмата, што ни покажува колку нашите потрошувачи веруваат во квалитетот на услугата која им ја нудиме и за тоа сакаме да им се заблагодариме“, рече Георгиевски на прес конференцијата.

Покрај редовните поволности кој што ги нуди ВЕРНА, стекнување на поени и користење на истите во продажните салони на Макпетрол, специјално за корисниците на ВЕРНА, Макпетрол АД Скопје на своите потрошувачи им понуди уште една поволност, а тоа е: при купување на Лубекс палетата на производи, корисниците на ВЕРНА LOYALTY програмата добиваат плус поени на својата ВЕРНА картичка.

Претходна статијаNokia одговори на прашањето дали ќе се врати на пазарот на мобилни телефони
Следна статијаMicrosoft ќе претстави нови Windows 10 уреди на 4-ти септември