Windows10_Continuum-1C-798x310 copy

По нешто повеќе од еден месец од официјално пуштање на Windows 10, Microsoft ќе излезе и со неколку нови уреди направени за овој оперативен систем. Поточно се работи за нови уреди во повеќе формати, меѓутоа според информациите ниту еден од нив нема да биде мобилен телефон.

Претставувањето на уредите ќе биде во рамките на IFA 2015 настанот кој што се одржува во Берлин, на презентација која што ќе ја одржи Ник Паркер од Microsoft во 15:00 часот.

Според најавите, ќе бидат претставени таблет компјутери, 2 во 1 уреди, премиум лаптопи, гејминг уреди, како и се-во-едно уреди.

Иако и во самата најава никаде не стои мобилни телефони, сепак остануваат очекувањата на корисниците за претставување на Windows мобилен телефон од високата класа, нешто што одамна не е претставено од компанијата која што се насочи кон пазарот на евтини уреди изминатите година дена.

Она што исто така може да се очекува според најавите е поголем интерес на производителите за претставување на нови уреди со Windows 10. Ова е доста важно за компанијата, како и за опстанокот на оперативниот систем, а посебно поради многу слабиот интерес со Windows 8.

Извор: Neowin, Ubergizmo

Претходна статијаМакпетрол АД Скопје, промовираше ново горивo – Ultra LPG plus
Следна статијаПретставен првиот македонски веб-сервис за онлајн букинг на туристички понуди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.