Windows10-Specs-01-Main-Window-01

Mozilla минатата недела најави освежување на стратегијата за развојот на прелистувачот, а меѓу другото и дека планира развој на посебна верзија за новиот Windows 10. Повеќе информации за тоа што значи најавата за развој за овој оперативен систем немаше, па за истото може да се прочита повеќе оваа недела.

Дали од Mozilla планираат да развијат и универзална Firefox апликација која што би била достапна на повеќе уреди, освен на десктоп компјутерите, се’ уште не е познато, но барем сега знаеме дека во Windows 10 десктоп прелистувачот ќе изгледа нешто поразлично.

Во основа Firefox во Windows 10 ќе изгледа исто како и досега, односно на постарите верзии, како и на другите платформи. Тоа е направена нарочно, што не е чудно, со оглед на тоа што би било чудно целосно различен дизајн за истиот прелистувач, само на еден оперативен систем.

Промените во корисничкиот интерфејс ќе бидат мали, но доволни да се забележи разлика и прелистувачот да изгледа освежено и во рамките на дизајн правилата на новиот оперативен систем.

Windows10-Specs-01-Tab-Hover

Windows10-Specs-01-Awesome-Bar-Results-01

Промените во Firefox ќе можат да се забележат на копчињата, лентата за адреси, односно предлозите кои што ги дава, табовите, големината на одредени елементи и слично.

Сето ова го задржува главниот изглед на прелистувачот, меѓутоа му дава освежен изглед кој што корисниците на Windows 10 сигурно ќе го забележат и ценат.

Извор: Mozilla, VB

Претходна статијаСтудија на NASA (веројатно) ја пронајде изгубената топлина од глобалното затоплување
Следна статијаNokia одговори на прашањето дали ќе се врати на пазарот на мобилни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.