global warming

Околу глобалното затоплување во главно имаме три позиции – 1. деструктивен феномен кој се заканува да ги поремети синџирите на исхрана и глобалната рамнотежа во светот; 2. измислица од страна на владите, огромните корпорации и меѓународните тела (или сосема природен процес искористен од предходноспомнатите) кои сакаат со тоа да не` натераат да се префрлиме кон користење на обновливи извори кои место да ги добиваме беспари ќе ги плаќаме бидејќи тие ќе ги држат главните средства за производство; 3. комбинација од двете.

Од таму, толкувањето на вестите за глобалното затоплување се филтрираат низ вредносниот и системот на уверување кај секој човек кој се занимава со оваа тема. Тоа што научниците од NASA преку една експериментална студија утврдија е дека температурата во Индискиот океан во горниот слој на длабочина од 100 до 300 метри се зголемила во последните години, и дека (според нив) тоа е причината за збунувачкото намалување на температурата кај северните мориња (која би требало да се зголемува ако теоријата на глобално затоплување и стаклена градина е точна).

lee_etal_image_new-1022x1024

Според нив многу од ветровите и струењата на морињата се пренасочиле т.е. од север доаѓаат на југ, па поминуваат низ Малезија и излегуваат во Индискиот океан, каде придонесуваат за повишување на неговата температура, а за намалување на температурата на северните мориња.

Според нив ова е одговорот на скептиците кои велат дека глобалното затоплување не постои или е сосема природен процес кој од секогаш се случувал, а дали тие ќе поверуваат или ќе пружат и други докази кои ќе го негираат постоењето на човечки-предизвикано глобално затоплување останува да видиме.

Извор: Nature, IFLScience

Претходна статијаНаучници пронајдоа значително поефикасен начин да се создава водород од вода
Следна статијаFirefox за Windows 10 со прилагоден интерфејс и дизајн насоки