Mozilla_Firefox_logo_2013.svg

Mozilla Firefox останува еден од најмногу користените интернет прелистувачи, меѓутоа не успева да ја задржи позицијата над Google Chrome кој што е користен од се повеќе корисници. Одреден период може да се каже дека перформансите прилично очигледно заостануваат зад тие на Chrome, меѓутоа најновите верзии од Firefox го враќаат прелистувачот во борбата.

Од Mozilla планираат, а дел од тие планови ги пренесоа во јавноста, да направат одредени промени во прелистувачот кои што треба да го вратат во текот на модерните технологии, односно на ниво на другите прелистувачи.

Една од главните промени кои што се најавени е побрз циклус на воведување на нови функции. Моментално новите функции се воведуваат за 18 недели, односно во три периоди од шест недели во кои што новите функции поминуваат низ трите достапни верзии од прелистувачот, а последната е наменета за сите корисници.

Од Mozilla сметаат дека овој период може значително да се забрза, па корисниците да ги добиваат новите функции многу побрзо. Што се однесува до безбедносните надградби, како и подобрувањата на перформансите, корисниците треба да ги добиваат за неколку часа од нивното средување, а не после неколку денови.

Mozilla исто така најави дека во изработка се верзии од Firefox за iOS и Windows 10. Mozilla веќе се обиде да го овозможи овој прелистувач за корисниците на Windows 8, поточно во таканаречената модерна форма прилагодена за корисниците на екрани на допир. Меѓутоа, поради слабата популарност на самиот оперативен систем, Mozilla се откажа од развојот на овој прелистувач и го остави за подобри денови.

Најавата за враќање на развојот на Firefox за Windows 10 не изненадува воопшто со оглед на популарноста на новиот Edge кај корисниците. Firefox може многу лесно да изгуби дополнителен дел од пазарниот удел, посебно и поради фактот што Edge е развиен како универзална апликација и ќе биде достапен на сите уреди кои што работат на Windows 10.

Повеќе информации за Firefox на Windows 10, како и на iOS се’ уште нема, но од Mozilla нагласуваат дека верзиите ќе бидат достапни наскоро, па сигурно ќе знаеме повеќе до крајот на летото.

Mozilla исто така планира да почне да користи понови веб стандарди, односно програмски јазици, кои што треба да го модернизираат прелистувачот. Тоа значи дека тие планираат да престанат да ги користат XUL и XBL, на сметка на сега многу повеќе развиениот HTML јазик.

Извор: Mozilla, Mozilla 2, PCWorld, TNW

Претходна статијаНастан на 2016/2017 – САД и Јапонија ќе ги судрат силите преку двобој на огромни роботи
Следна статијаGHOST – европски проект за физички интерактивни екрани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.