lg-g4_2x

Имате LG G4 со одлични карактеристики – може да прегледува веб-страници без проблем, да „вози“ 3Д игри, да работи без проблем со е-пошта и автоматски да ја симнува, и има феноменална резолуција (2.560 х 1.440).

Одличен телефон, но за жал ваквите карактеристики доаѓаат со „данок“: батеријата трае многу малку. Зборуваме за вградената батерија од 3.000 мАч. Затоа на помош доаѓа батериската компанија Mugen која на пазарот ви нуди батерија од 6.200 мАч која за двојно ќе ви го продолжи дневниот животен век на телефонот.

Батеријата чини 90 долари, а имате бесплатна достава низ светот – што е навистина фино од нивна страна. Цената не е претерано евтина, мора да приметиме, но секако вреди за огромната надградба на капацитетот која ја добивате. Среќа што LG (се` уште) не отишле по „паметот“ на Google, Apple и сличните па вградиле батерија која може да се смени во вашиот G4.

Инаку, ние веќе го покривме доаѓањето на LG G4, со неговите импресивни карактеристики кои вклучуваат и одлична камера, изработка од кожа и други карактеристики кои го прават врвен телефон.

Извор: Ubergizmo, Mugen

Претходна статијаЅид кој вшмукува CO2 од воздухот
Следна статијаПрви фотографии од мини верзијата на Samsung Galaxy S6