g4-fb

После мноштвото протечени информации и слики, конечно го имаме и официјално новиот знаменосец на LG, G4. Корејскиот производител направи големи промени во однос на претходникот, но задржа многу карактеристики кои ги правеа единствен во високата класа. А за разлика од конкурентите, тука ќе се нуди и капак за батеријата изработен од високо квалитетна кожа, која се произведува дури три месеци, за луксузно чувство, какво што заслужува еден ваков паметен телефон.

Сепак, и покрај тоа што нуди материјали како ниту еден друг модел во сегментот, многу луѓе веќе забележаа на процесорот кој ќе се вградува во G4. Имено, наместо најсилниот процесор на Snapdragon, 810, тука се вградува верзијата 808, која има шест јадра, од кои само две се Cortex A57 и се наменети за потешките апликации, додека останатите четири се наменети за полесните апликации, односно за штедење енергија. Графичката картичка е исто така малку послаба и тоа Adreno 418. Од LG ветуваат дека во секојдневното користење, корисниците нема да забележат никаква разлика во однос на помоќните конкуренти, бидејќи имаат соработувано директно со Google и Qualcomm, иако факт е дека на бенчмарковите, овој чип заостанува зад оној во Galaxy S6 и HTC One M9.

lgg4_8921-100581774-large

Останатите хардверски компоненти го следат трендот во класата. Вградена е 3 GB рам меморија, како и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување до 128 GB со micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 3.000 mAh и според LG, треба без проблем да издржи користење до два дена. За разлика од повеќето конкуренти, G4 има можност и за безжично Qi полнење, односно брзо полнење на батеријата до 60% за 30 минути.

Но, чипсетот настрана, најголем адут на LG G4 е камерата. Со целосно нов сензор од 16 мегапиксели и леќа со оптичка стабилизација на сликата и најголема брзина на блендата од сите мобилни досега од f1.8, најдобриот телефон на LG ветува висок квалитет на фотографија, дури и во многу темни услови. Покрај тоа, може да слика и RAW слики (дигитален негатив, кој е многу подобар за преработка на компјутер), како и 4K, односно Ultra HD видео. Од LG велат дека не само што камерата ќе вади најдобри резултати, туку е и најбрза во светот, со време на стартување од 0,6 секунди, една десетинка побрзо од Samsung Galaxy S6. А да не останат само на задната камера, LG се првите во сегментот со предна камера од 8 мегапиксели, која може да снима и Full HD видео.

lgg4_8936-100581778-large

Дисплејот има иста големина од 5,5 инчи и резолуција од 2560х1440 пиксели како и својот претходник, но тука завршуваат еднаквостите. Имено, ова е првиот екран во мобилната телефонија со Quantum IPS технологија, кој според LG донесува исклучително реални и живи бои, исто како што би ги виделе во реалниот свет. Оваа технологија овозможува и поголема заштеда на енергија во однос на обичните IPS дисплеи и покрај тоа што има многу пиксели кои треба да ги придвижува графичката картичка.

Како и секој Android знаменосец моментално, LG G4 ќе се испорачува со Lollipop 5.0, кој има многу лесен скин од LG и кој е директно развиван со Google. Поради ова, перформансите треба да се дури и подобри во однос на главните конкуренти и покрај послабиот процесор. Исто така, за разлика од Samsung Galaxy S6, кој доаѓа со сервисите на Microsoft, G4 ќе има специјална Google понуда, со 100 GB слободен простор на Google Drive за две години и вграден целосен Google Office.

lgg4_8981-100581786-large

Инаку, LG G4 ќе се нуди во неколку различни изработки за надворешноста, кои корисникот ќе може да ги смени и откако ќе го купи мобилниот, бидејќи задниот капак лесно се отстранува. Вака, не само што полесно ќе може да се персонализира телефонот, туку лесно ќе може да се смени и батеријата, нешто што многу од конкурентите се помалку и помалку се одлучуваат да го понудат во своите најдобри телефони. Исто така, како и кај LG G Flex и G4 има блага заобленост на екранот, но не е флексибилен и не може да се витка.

Сумирано, LG со G4 направи еден одличен паметен телефон, кој скоро во секој поглед се разликува од она што го нудат Samsung, HTC и Apple. Со целосно различен дизајн, луксузни кожни капаци за задниот дел и камера, која барем на хартија го одзема здивот, G4 ќе биде трн во окото на најпопуларните телефони денес. А како ќе помине на пазарот, останува да видиме.

lgg4_8942-100581779-large

Извор: Engadget, PCWorld

Претходна статијаHuawei Honor 4C: 5 инчен HD екран и OctaCore процесор за само 130 долари!
Следна статијаContinuum ќе овозможи користење на Windows 10 смартфонот како десктоп компјутер