WinFuture.de

Ретко се случува да кога за некој уред има доволно неофицијални информации, тие да не се покажат како точни. Затоа со голема сигурност може да се очекува дека од Samsung навистина планираат претставување на „лајт“ верзии од нивните моментално најсилни модели, Galaxy S10 и Galaxy Note10.

Претставувањето на овие уреди како и да е, е до некаде чудно. Тие би биле претставени, според најавите, на околу еден месец пред претставувањето на Galaxy S11 серијата, а за разлика од досега, овие ќе бидат исто така уреди од високата класа.

Досега информациите најчесто доаѓаат од WinFuture.de, па покрај информациите за Galaxy S10 lite, тие сега излегоа со информации за карактеристиките на Galaxy Note10 lite. Тие тврдат дека двата телефони може да се очекуваат идниот месец, можеби на CES 2020 саемот за технологија во Лас Вегас.

Двата телефони ќе бидат од високата класа, иако нема да ги имаат најновите компоненти кои ги имаат нивните појаки верзии. Екраните се очекува да им бидат со големина од 6,7 инчи, со Full HD резолуција, но не повеќе, што е очекувано од „лајт“ верзија од еден телефон.

Како што може да се види и од досегашните неофицијални слики, предната камера ќе биде поставена во дупка на средината на екранот, а на задната страна се очекува поставување на камерите во модул којшто ќе биде дел од Galaxy S11 серијата.

Тоа што до некаде можеби изненадува, а посебно поради претставувањето на телефоните во 2020, е процесорот којшто наводно ќе се користи кај Note10 lite, кој се користи во веќе стариот Galaxy S9, односно Exynos 9810.

Како што е очекувано за уред од Note серијата, така и „лајт“ моделот ќе дојде со познатото S Pen, но не најновата верзија која е дел од другите Note10 уреди.

Во САД празниците привршуваат, па после нова година може да очекуваме дека ќе ги видиме потврдите за овие информации.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаВпечатоци од The Witcher
Следна статијаМакедонски Телеком организира e-Sport турнир за вистински гејмери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.