Последниот викенд од оваа деценија им го посветуваме на гејмерите – на оние на кои виртуелниот свет им е подеднакво голем предизвик како и реалниот. На 28 и 29 декември, во организација на Македонски Телеком и Македонската eSport федерација ќе се одржи официјален гејмерски турнир во три од најпопуларните светски видеоигри: „Dota 2“, „PES 2020“ и „Hearthstone“.

Пријавувањето и влезот се бесплатни, а за учество во „Dota 2“ турнирот прво треба да се поминат онлајн пред-квалификациите, кои се играат вечерва, по кои само најдобрите осум ќе добијат можност да играат на ЛАН турнирот. Најдобрите два тима од „Dota 2“ турнирот влегуваат во понатамошни квалификации и ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Израел во 2020 година. Пријавете се за: „PES 2020“: http://bit.ly/2EAErRs „Hearthstone“: http://bit.ly/2EDjRjd.

Добрите игри на натпреварувачите нема да поминат незабележано. За најдобрите тројца во „Dota 2“, „PES 2020“ и „Hearthstone“ следуваат супер вредни награди.

Турнирот ќе се одржи последниот викенд од 2019 година, на 28 и 29 декември, во новата Flagship продавница во Управната зграда на Македонски Телеком, на плоштадот „Македонија“.

Турнирот ќе можете да го следите во живо на следниот линк.

Следете ги сите новости на: https://www.facebook.com/events/2558905094380855/ и подгответе се за супер возбудливо гејмерско финале на 2019.

2 КОМЕНТАРИ

    • Здраво Никола, не веруваме дека некој ќе го прочита коментарот, а ние не сме во организацијата на настанот, така да најдобро би било да пишете порака, на пример во групата за настанот на Facebook или на мејл.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.