Нов ден и нови информации или фотографии од најочекуваниот смартфон годинава, iPhone 8. Дека овој смартфон е значаен за Apple не мора да се зборува премногу – популарноста на моделот паѓа поради премалите промени кои се прават во секој нов модел и iPhone 8 мора да биде особено привлечен.

Досега многу слики го поткрепуваат тој факт, но еве едни нови кои нема нешто претерано да им се допаднат на фановите на Apple. Имено, според нив Home копчето ќе се пресели во задниот дел, исто како што е случај со скоро сите Android смартфони. Ова значи дека читачот за отпечатоци кој требаше да биде под дисплејот, веројатно нема да биде спремен, исто како што беше случај и со Galaxy S8 на Samsung.

Фотографиите сепак потврдуваат дека двојната камера ќе биде поставена вертикално, што е мала промена, но не покажуваат дали ќе има рамка околу дисплејот и колкава ќе биде. Според она што го знаеме досега, рамката треба да биде многу мала од сите страни, односно целиот преден крај треба да биде само дисплеј, слично како кај Galaxy S8.

Сепак, останува да видиме дали Apple навистина ќе може да го изведе ова и дали Samsung воопшто ќе дозволи нивниот конкурент да ја има најновата технологија, бидејќи тие ќе ги прават OLED екраните за iPhone 8. Затоа, јас сите овие информации би ги прифатил со одредена задршка, вклучувајќи ја и веста дека Home копчето ќе се пресели во задниот дел.

Извор: Venture Beat, 9 to 5 Mac

Претходна статијаMoto Z2 Play – повторно модуларен, повторно одличен избор од средната класа
Следна статијаZTE Nubia Z17 е најмоќниот смартфон со 8 GB рам и Snapdragon 835