Ако во моментов размислувате за паметен телефон од високата класа со најмоќни можни компоненти, не го испуштајте ZTE од вид – нивниот нов Nubia Z17 паметен телефон има Snapdragon 835 и дури 8 GB рам, што е двојно повеќе отколку на етаблираните конкуренти во класата.

Но, кај Nubia Z17 не се само внатрешните компоненти кои импресионираат. Така, задната камера е всушност двојна и комбинација на 23 и 12 мегапиксели. Од ZTE велат дека оваа комбинација овозможува своевиден оптички зум, што секако треба да се испита како работи во пракса пред да се донесе финален заклучок. Предната камера пак има широк агол од 80 степени и 16 мегапиксели со брза f/2.0 бленда.

Покрај тоа, Nubia Z17 поддржува и супер брзо Qualcomm QuickCharge 4+ полнење, кое за прв пат се вградува во овој смартфон. Батеријата пак има капацитет од 3.200 mAh, што делува како малку, но од ZTE  велат дека имаат специјално развиен сервис во Android Nougat 7.1.1 кој ги гаси позадинските апликации и кој го продолжува траењето на батеријата. Покрај тоа, тука сигурно помага и 5,5 инчниот дисплеј, кој има Full HD резолуција, за разлика од Quad HD на конкуренцијата. И за да не остане покус, ZTE вгради и IP67 водоотпорност во овој смартфон, иста како на iPhone 7.

ZTE Nubia Z17 има и неколку други карактеристики кои го одделуваат од конкуренцијата, како на пример Dolby Atmos аудио за подобро искуство кога ќе гледате видеа на телефонот, а секако тука е и цената, која почнува од 411 долари за модел со 6 GB рам меморија и 583 долари за моделот со 8 GB рам меморија, што е многу помалку во однос на главните конкуренти надвор од Кина. Всушност, ова е моментално најевтиниот модел со 8 GB рам меморија во светот.

Извор: GSMArena, The Next Web, NDTV

Претходна статијаНови протечени фотографии од iPhone 8 покажуваат читач за отпечатоци во задниот дел
Следна статијаSkype добива целосен редизајн – директно ќе конкурира на Snapchat, Messenger и сличните