iPhone 8 дефинитивно ќе биде најголемиот и најважниот модел од претставувањето на оваа серија на смартфони на Apple. Затоа, протечени информации има секојдневно и многу од нив најчесто се косат една со друга. Но, денес имаме нови информации кои би можеле целосно да го „потврдат идентитетот“ на iPhone 8, односно кои ни го претставуваат во најдобра слика досега.

Информациите се наводно од вработени во Foxconn, кои нив ги извадија на Reddit. Ова е малку сомнително, бидејќи е многу опасно за некој вработен да извади вакви информации (не само што ќе биде избркан од работа, потоа може да заработи и тужба), но делуваат прилично точни. Ги има 15 на број (грижливо сумирани од Forbes) и многу од нив веќе и ги знаеме:

  1. Новиот модел ќе се вика iPhone X, но тоа може да биде само кодно име
  2. Неговиот дизајн дефинитивно ќе биде со многу мала рамка околу дисплејот (како средниот телефон на сликата)
  3. Задната двојна камера ќе биде вертикално псотавена
  4. Рамката околу дисплејот ќе биде поголема во горниот и долниот дел – горе ќе има и камери кои ќе кратат малку на дисплејот
  5. Тест уредите имаат Touch ID читач за отпечатоци под дисплејот, но резултатите од читањето биле многу слаби
  6. Не се планира верзија со заден читач за отпечатоци
  7. Капацитивниот модул на производителот AutenTech дефинитивно ќе биде заменет
  8. Ќе има скенер за ретината на окото и препознавање на лицето
  9. Напред ќе има две камери
  10. Количината на рам меморијата ќе остане на 3 GB
  11. Изработката ќе биде од композитно стакло
  12. Телефонот ќе поддржува безжично полнење
  13. Ќе биде и водоотпорен
  14. И натаму ќе се полни преку Lightning портата
  15. Производството ќе почне покасно од очекуваното

Според сето ова, може да очекуваме дека iPhone 8 или iPhone X ќе биде еден вистински револуционерен уред. Сепак, одложувањето на производството може да оттргне многу купувачи од овој телефон, односно да им даде време на конкурентите побрзо да реагираат.

Извор: Forbes, Tech Spot, CNET

Претходна статијаIBM претстави чипови со големина на транзисторите од само 5nm
Следна статијаMicrosoft спрема посебна Windows 10 верзија за “power user” корисниците