iphone-6s-lightning-port-will-lipman

Уште од времето на вокмените, 3,5 милиметарскиот стандард за слушалки е доминантен на сцената кај преносните уреди – на него корисникот може да стави какви сака слушалки или останати надворешни уреди за аудио. Сепак, според нови информации, наредниот iPhone веројатно веќе нема да има стандарден влез за слушалки, а причината е да биде што потенок, односно за околу 1 mm во однос на актуелните модели.

Лично, не сум претерано уверен од тенките телефони. За да се постигне тенката линија најчесто се крати на капацитетот на батеријата, а не ретко и самите уреди се претерано нежни. Сепак, да се тргне влезот за слушалки е навистина претерано – ќе треба да вложите во скапи адаптери за да може да слушате музика на омиленииот пар слушалки.

Според изворот, јапонскиот блог Macotakara, за излез на аудиото кај новиот iPhone ќе се користи Lightning портата, која е поширока, но многу потенка. Ова секако не значи дека нема да можете да ги ставите вашите омилени слушалки на iPhone 7. Apple секако ќе понуди мало кабелче со Lightning влез на едната и 3,5 mm излез на другата страна, кое ќе чини неколку десетици долари, како што прават и со многу други компоненти.

oled-590x330

Од друга страна, оваа информација мора да се прими и со голема резерва. Apple во iPhone 6S и 6S Plus го претстави 3D Touch дисплејот осетлив на различни притисоци, кој ги направи овие телефони подебели од своите претходници. Според тоа, ако и веруваме на оваа информација, новиот телефон ќе треба да го исфрли овој систем, што е невозможно или пак Apple да ги сруши законите на физиката.

Настрана информацијата за новиот влез за слушалки, има и една позитивна вест – iPhone во 2018 година најверојатно ќе добие OLED дисплеј. За оние што ги следат овие работи, знаат дека овие дисплеи имаат многу подобар контраст и поширок спектар на бои во однос на IPS LCD дисплеите, каков што имаат актуелните iPhone-и.

Сепак, најинтересно за нив е што може лесно да се виткаат и некој од наредните модели на iPhone би можел да има заоблен екран, слично на Galaxy Edge серијата… Производител на новиот дисплеј најверојатно ќе биде LG, кој веќе вложи преку 8 милијарди долари во нова фабрика за производство на ваквите дисплеи.

Извор: Engadget, TechnoBuffalo, Geek, The Verge

Претходна статијаКорисниците на PS4 наскоро ќе можат да ги играат игрите и на својот компјутер преку Remote Play
Следна статија„Хемиски лаптоп“ на NASA ќе открива живот на други планети