iphone-7-rose-gold

Една од работите кои никогаш не се променија во целата историја на најпопуларниот паметен телефон на планетава е хардверското “Home” копче. Сепак, според нови извори од Bloomberg, кај новиот iPhone 7 ова копче нема веќе да биде хардверско, односно ќе биде заменето со капацитивно копче на допир, кое ќе има плус и 3D Touch, што значи дека ќе препознава различни притисоци, исто како и дисплејот на допир кај iPhone 6S и 6S Plus.

Зошто Apple би се одлучил на ваква промена? Има многу причини. Прво, ваквото копче ќе биде многу подоверливо, односно ќе биде потешко да се расипе, бидејќи нема да има делови кои ќе се движат, а и во самото копче нема да може да навлезе вода или прашина.

iphone-7-home-button-closeup[1]

Исто така, искуството ќе биде многу поприродно кога ќе го префрлите прстот од дисплејот кон копчето, кое ќе може да го активирате исто така со лесен допир. Поддршката за 3D Touch пак значи дека копчето ќе може да има уште неколку различни функции, настрана двојниот клик за мултитаскинг менито или долгото држење за активирање на Siri.

Ваквото копче, заедно со исфрлањето на излезот од 3,5 mm за слушалки, најавува дека новите iPhone-и ќе бидат водоотпорни, исто како и Samsung Galaxy S7 и S7 Edge, но за тоа треба да почекаме за целосно да го потврдиме.

fv_iphone_7_render_top

Bloomberg има нови информации и за двојната камера на iPhone 7 Plus, според кои таа нема да има своевиден оптички зум, но ќе придонесе за поквалитетни фотографии. Имено, тука двата сензори ќе сликаат две фотографии со различни бои, кои кога ќе се вклопат во една фотографија ќе придонесат за подлабоки бои, поголема острина и светлина. Слично како кај Huawei P9 кој има еден црно бел сензор кој го подобрува контрастот и динамичкиот опсег на фотографиите.

Извор: Bloomberg, Mashable, GSMArena

Претходна статијаНов “QuadRooter” пропуст во Android овозможува пристап на хакерите до сензитивни информации
Следна статијаApple Watch 2 ќе има побрз процесор и вграден GPS