apple-watch

Сите оние кои имаат Apple Watch (а реално кај нас се ретки) и го користат за спортување, како на пример трчање и возење велосипед, веројатно не се целосно задоволни, пред сѐ поради недостатокот на GPS сензор, кој е сензор што може прецизно да ја мери дистанцата што ја имаат поминато. Новиот модел би требало да вклучува ваков сензор, заедно со неколку други подобрувања, кои подобро ќе го позиционираат часовникот на Apple против силната Android конкуренција.

GPS сензорот би можел да овозможи и многу полесно навигирање кога одите пеш – во моментов треба да го држите вашиот паметен телефон константно во рака за да знаете каде треба да одите, но со новиот Apple Watch 2, прошетките низ градовите на вашите патувања ќе бидат многу полесни.

Покрај GPS сензорот, Apple Watch 2 ќе има и побрз процесор од TSMC – актуелниот модел и не е особено познат по својата брзина. Вграден ќе биде и барометар, кој ќе може да го мери атмосферскиот притисок, а со цел подобра контрола на здравјето на корисникот.

Батеријата исто така ќе биде зголемена, но траењето со едно полнење не би можело да биде значително подобрено, бидејќи помоќниот процесор и GPS сензорот ќе ја зголемат потрошувачката.  Целосните димензии на часовникот сепак би биле задржани како на актуелниот модел, благодарение на потенкиот дисплеј.

Покрај овој модел, Apple најверојатно ќе претстави и втор, послаб Apple Watch, кој ќе го носи генерално истиот дизајн како на актуелните модели и нема да има GPS ниту барометар, но ќе има помоќен процесор. За 2018 година пак се очекува модел со “SIM”картичка, кој ќе поддржува LTE поврзување и нема да мора да биде поврзан со iPhone за да бидат достапни сите функции на него.

Извор: The Verge, GSMArena, MacWorld

Претходна статијаiPhone 7 ќе има “Home” копче осетливо на допир со 3D Touch
Следна статијаКорисниците најмногу користат до 5 апликации на нивните мобилни уреди