huawei-mate-8

Уште еден телефон од високата класа кој доаѓа од Кина беше претставен оваа недела на CES 2016 настанот во Лас Вегас.

Mate 8 е новиот модел којшто го претстави Huawei, телефон којшто покажува од кого е направен новиот Nexus 6P, па соодветно да им се допадне на корисниците.

Како и сличниот Nexus, новиот Mate 8 доаѓа со 6 инчен Full HD екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и нивна густина од 368 ppi.

Направен е со акцент на малата дебелина којашто изнесува 7.9mm, нешто што веќе се подразбира за еден телефон од високата класа. Целиот телефон е направен од алуминиум, а од страните е поставена посебна рамка, па заедно оставаат премиум и скап впечаток.

DSC_0353.0

На задната страна е поставен и сензорот за отпечатоци на прсти, исто како и кај Nexus 6P моделот, за којшто од Huawei истакнуваат дека има 10% подобра способност на препознавање, како и дека е 100 пати побрз од претходните верзии.

Mate 8 ќе работи на HUAWEI Kirin 950 којшто е 64-битен, 8 јадрен процесор кој работи на 4 x 2.3 GHz A72 јадра и 4 x 1.8 GHz A53 јадра. Изборот ќе биде од две варијанти со 3 и 4 GB RAM меморија, како и 32 и 64 GB простор за складирање на податоци соодветно.

Камерите коишто доаѓаат со овој модел вклучуваат 16 мегапикселна задна камера со оптичка стабилизација на сликата, Dual-tone flash, Timelapse снимање и 1080p со 60 fps видео. Предната камера е со 8 мегапиксели и посебен софтвер за подобри „селјфија“.

Huawei Mate 8 ќе се продава по цена од 600 и 700 евра зависно од меморијата, а треба да биде достапен на стандардните европски пазари како и претходните модели.

Извор: Huawei, The Verge, ZDNet

Фото: The Verge, Huawei

Претходна статијаLeTV Le Max Pro е првиот телефон со Snapdragon 820
Следна статијаSamsung Galaxy TabPro S – Тенок, лесен и конвертибилен Windows 10 таблет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.