tabpro

Кога на прв поглед ќе го видите новиот таблет од Samsung, како и името Galaxy, нема ни да помислите дали се работи за нов Android таблет компјутер. Сепак, овој бренд веќе нема ексклузивно да работи на Android оперативниот систем, па новиот Galaxy TabPro S, претставен оваа недела на CES 2016, доаѓа со Windows 10.

Како и повеќето таблет компјутери кои што работат на Windows 10, така и овој ќе доаѓа со дополнителна тастатура со што влегува во категоријата на конвертибилни или хибридни уреди, односно уреди коишто може да се користат како таблет или лаптоп компјутер.

Од компанијата го најавија овој уред и како првиот Windows таблет којшто доаѓа со одличниот за Samsung карактеристичен 12 инчен Super AMOLED екран. Со дебелина од само 6,3 милиметри и рамката направена од легура од магнезиум, TabPro S претставува одличен и супер квалитетен таблет на какви што се имаме навикнато од овој производител.

Samsung Galaxy TabPro S доаѓа со следните карактеристики:

  • 12 инчен Super AMOLED екран со резолуција од 2160 x 1440 пиксели
  • 6-та генерација од Intel Core M процесор (Dual Core 2.2GHz)
  • 4GB RAM
  • 128GB / 256GB SSD
  • Батерија со 5,200mAh капацитет
  • Предна и задна камера со по 5 мегапиксели
  • Windows 10 Home, Windows 10 Pro

Дополнителната тастатура доаѓа заедно со уредот, а тој на истата за прикачува преку магнет. Истата може да биде наместена за уредот да биде поставен во две позиции, коишто одговараат за нормална работа или користење со пенкалце.

Интересно е да се види овој вид на уред, досега достапен само со Android оперативен систем, како работи со новиот Windows 10. Ова сигурно покажува дека двете најпопуларни платформи добиваат конкуренција, па останува да видиме само дали ова ќе им помогне уште на мобилните телефони со овој оперативен.

Извор: Samsung, Windows Central, Engadget

Фото: Engadget

Претходна статијаHuawei го претстави Mate 8 на CES 2016
Следна статијаЗавршува поддршката за Internet Explorer 8, 9 и 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.