HP tableti 2015 (6)

Новите таблети ќе бидат застапени со неколку големини, односно намени и ќе бидат опремени со Android или Windows 8.1, а меѓу нив се и најмоќните таблети кои сме ги виделе досега од HP.

Android таблетите ќе бидат застапени со два модели и тоа огромниот, 12,3 инчен Pro Slate 12, кој ќе има екран со резолуција од 1600х1200 пиксели, како и компактниот, 7,9 инчен Pro Slate 8, кој ќе има резолуција од 2048х1536 пиксели, односно исто како кај iPad Mini. И двата таблети ќе бидат со алуминиумска изработка и неодоливо потсетуваат на HTC One, што секако не е лоша работа.

За погон на софтверот ќе се грижи Snapdragon 800 процесорот, помогнат од 2 гигабајти RAM меморија. И двата модели се со 4:3 сооднос на екранот, кој овозможува поширок простор за работа со вклучениот Duet Pen, со кој ќе може да се црта на секоја површина и истиот цртеж да се пренесе на таблетот, како што може да се види на фотографијата. Верзијата на Android ќе биде Kitkat, додека цените ќе бидат 449 долари за помалиот, односно 569 долари за поголемиот модел.

HP tableti 2015 (5)

Windows таблетите ќе бидат застапени со неколку модели, почнувајќи од 8 инчниот Pro Tablet 408, со резолуција од 1280х800 пиксели и Atom процесор со 1,33 GHz и 1 GB RAM. 10,1 инчниот Pro Tablet 100 EE (има и Android верзија од него), кој ќе биде опремен со пенкалце, но не Duet Pen и ќе има резолуција од 1280х800 пиксели и Atom процесор со 1,33 GHz и 1 GB RAM , додека за вистинските професионални, тука е 11,6 инчниот таблет/лаптоп хибрид, со Core M процесор со брзина од 800 MHz до 1,2 GHz, 4GB RAM и 128 GB SSD диск, кој ќе има батерија со 6 ќелии во таблетот и уште една со 2 ќелии во тастатурата. Истиот ќе биде достапен по стартна цена од 899 долари, додека Pro Tablet моделите ќе бидат достапни по цена од 299 до 349 долари.

Покрај сите овие модели, HP претстави и цврст, издржлив таблет, кој ќе биде наменет за употреба во болниците.

Извор: The Verge

Претходна статија1 Dot e супер заразна мобилна мулти-платформска игра
Следна статијаEl Collagero – Трансформирајте ги вашите фотографии во прекрасен колаж