google-io

Пребарувачкиот гигант спрема два нови Nexus телефони, кои ќе треба да ги вратат загубените корисници со претерано големиот и скап Nexus 6. Телефоните ќе бидат именувани 5X и 6P, а ќе бидат претставени на 29-ти септември на посебна промоција.

Поевтиниот од двата телефони веројатно ќе биде и поинтересен за корисниците, бидејќи е „духовен“ наследник на најуспешниот во гамата, Nexus 5, кој нудеше одлични перформанси по многу ниска цена. Nexus 5X ќе биде изработен од LG и веројатно ќе има Snapdragon 808 процесор со 3 GB рам меморија.

Екранот веројатно ќе има големина од 5,2 инчи во дијагонала и резолуција од 1920х1080 пиксели (Full HD), додека изработката однадвор ќе биде целосно од пластика, што е веројатно направено со цел да се намалат трошоците.

Помоќниот Nexus 6P телефон пак ќе има Snapdragon 808 процесор со 3 GB рам и најверојатно ќе има верзии со 32, 64 и 128 GB внатрешна меморија. Големината на дисплејот ќе биде 5,7 инчи со резолуција од 2560х1440 пиксели (Quad HD), а изработката исто така ќе биде пластична. Овој телефон ќе биде изработен од Huawei и најверојатно ќе има иста цена како Nexus 6.

Како и да е, сите информации ќе ги дознаеме на 29-ти септември. На настанот ќе биде промовиран и новиот Android Marsmallow 6.0 оперативен систем, кој брзо потоа треба да стигне како надградба кај повеќето Nexus уреди.

Извор: The Next Web, Android Central, The Verge, GSMArena

Претходна статијаМожно враќање на Конкорд до крајот на декадата
Следна статијаSkype со проблеми во целиот свет, комуникацијата е сепак можна