Concorde-606414

Веројатно сите го памтиме Конкорд, серијалот на суперсонични авиони кои ветуваа еден вид на природна, но значајна еволуција во авиолетовите. Брзината на патување беше огромна и некои растојанија кои се поминуваат со десетици часови со стандардни летови, во Конкордот се поминуваа за 2-3 пати побрзо време.

За жал во 2000 година се случи страшна несреќна со еден (и единствен) Конкорд кој се урна. Несреќата беше нашироко пренесувана на вестите во светот, а мајката компанија Aérospatiale т.е. нејзиниот наследник Airbus одлучија во 2003 да престанат да ги сервисираат авионите. Со тоа остана цела флота на Конкорди низ светот кои засега се неподвижни објекти на многу аеродромски паркиралишта.

Сепак, сега се појави надеж за повторното летање на ова летало. Имено, една група на Конкорд-ентузијасти наречена Club Concorde се надева дека до крајот на деценијата ќе успее да откупи два и оспособи за летање еден (од нив) Конкорд. Оваа група се состои од поранешни пилоти на Конкордот, поранешни патници и воздухопловни ентузијасти.

Тие со помош на приватни инвеститори досега имаат обезбедено околу 219 милиони евра, со кои планираат да купат два Конкорди од Франција. Едниот ќе биде претворен во туристичка атракција во близина на лондонското Eye Ferris тркало, а другиот ќе биде сервисиран и оспособен за лет.

„Туристичкиот“ Конкорд ќе има ресторан кој ќе служи јадења кои се служеле на оригиналните летови на Конкорд. Тие се надеваат дека овој проект ќе го види светлото на денот во 2019 година, но останува да видиме дали ќе имаат успех имајќи предвид дека и други се обиделе безуспешно да го возобноват Конкордот.

На Смартпортал веќе пишувавме за плановите на Airbus да создадат наследник на Конкордот, како и некои планови и концепти за други суперзвучни авиони.

Извор: The Verge, Express

Претходна статијаSpaceX покажаа како Dragon би слетал на Марс
Следна статијаGoogle ќе ги претстави новите Nexus телефони на 29-ти септември