skype web 2

Сигурно повеќето од нас кои што го користиме Skype секојдневно, веќе видовме дека сервисот има проблеми од ова утро. Кога ќе ја вклучите програмата, истата покажува дека не сте поврзани, па соодветно на тоа и сите ваши пријатели се офлајн.

Од Skype истакнуваат дека се свесни за проблемот и веќе активно работат на откривање и отклонување на проблемот.

Сепак, според информацијата од компанијата, а истата можеме да ја потврдиме, комуникацијата сепак може да се одвива. Иако Skype покажува дека сте исклучени, разговорите може да се одвиваат нормално. Исто така, комуникацијата се одвива без проблеми преку web.skype.com.

Проблемот на кој што се’ уште се работи сепак ги оневозможува аудио повиците, а има проблеми и со некои пораки од групните разговори.

Извор: Skype

Претходна статијаGoogle ќе ги претстави новите Nexus телефони на 29-ти септември
Следна статијаХакот врз Ashley Madison: Секс, лаги и лицемерие
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.