rev03

Revolution е моделот на најавениот мобилен телефон од Geeksphone, шпански производител познат покрај другото, по неколку модели кои работат на Firefox OS. Она по што е познат, а и доста очекуван е можноста за користење на два оперативни системи и едноставно префрлување од едниот на другиот. Телефонот доаѓа со инсталиран Android и можност да се инсталира Firefox OS или било кој други оперативен систем поддржан од open source заедницата.

До сега не беше позната датата кога ќе биде достапен, како и цената по која што ќе се продава. Geeksphone Revolution ќе почне да се продава од 20-ти Февруари по цена од 289 евра. За тие што порано ќе го нарачаат телефонот преку интернет ќе биде обезбеден попуст од 20 евра. Geeksphone Revolution доаѓа со 4,7 инчен екран со резолуција од 960×540 пиксели. Dual-core Intel Atom процесор Z2560 кој работи до 1.6GHz и 1 GB RAM меморија, 8 мегапикселна камера и батрија од 2000 mAh. Според хардверот тој спаѓа во средната класа на телефони, меѓутоа сепак неговата најголема карактеристика е софтверската можност што ја нуди.

Според информациите до кои што има дојдено порталот Engadget во комуникација со Geeksphone, телефонот нема да доаѓа со инсталиран Firefox OS, па корисниците ќе треба сами да го инсталираат или било кој друг оперативен систем за кој што би се одлучиле, а е поддржан од заедницата.

Извор: Engadget

Претходна статијаMozilla ќе прикажува реклами на новите корисници
Следна статијаYahoo ја купи Wander компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.