tumblr_inline_n0uah1qKLU1r5o90m

Wander е startup компанија која што ја изработува iOS апликацијата Days. Преку Days корисниците можат да сликаат слики и gif слики преку целиот ден, кои што можат да ги споделат наредниот ден во пакет наречен Day, односно Ден. Апликацијата претставува еден вид на социјален дневник, каде што наместо да споделувате една по една слика, вие го споделувате целиот ден.

Според изјавата во нивниот блог, тимот преоѓа во Yahoo и ќе продолжи да работи на апликацијата како посебна единка во компанијата. Покрај работењето на апликацијата тие најавуваат дека ќе продолжат да работат и на други проекти за кои што не можат да дадат информации во овој момент.

Сумата за која што е продадена компанијата на Yahoo не е сеуште објавена, меѓутоа според шпекулациите до кои што има дојдено TechCrunch се работи за сума од околу 10 милиони долари.

Days апликацијата е достапна во Play Store и е компатибилна со iPhone, iPad и iPod Touch и е оптимизирана за iPhone 5.

Извор: Days Blog, TechCrunch

Претходна статијаGeeksphone Revolution ќе почне да се продава од 20-ти Февруари
Следна статијаGoogle Admin апликацијата достапна на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.