Mozilla во својот блог најави воведување на нова програма наречена Directory Tiles, наменета за новите корисници на Firefox прелистувачот. Истата е планирано да прикажува реклами на страната која се отвора кога ќе отворите нов таб. Точното време на воведување нe е уште сигурно, па останува во овој момент само како информација.

Кога ќе отворите нов таб во прелистувачот истиот прикажува листа од 9 најпосетувани страни во форма на слики. Меѓутоа доколку сте нов корисник на Firefox, оваа листа е сеуште празна затоа што уште немате отворено ниту една или доволно страни за да може истата да биде пополнета. Она што ќе го прави Directory Tiles е пополнување на оваа празна листа кај новите корисници со страни од Mozilla, популарни страни од локацијата на корисникот, како и спонзорирана содржина од избрани партнери на Mozilla. Спонзорираната содржина ќе биде точно означена како таква, па корисниците ќе бидат информирани дека гледаат во реклама, во основа.

blank_newtab

Mozilla ова го претставуваат како начин да дојдат до повеќе средства кои што би помогнале во развојот на овој популарен прелистувач. Според нас нема ништо лошо во ова, посебно што рекламите ќе бидат прикажани само додека листата на посетувани страни на биде пополнета од сурфањето на корисниците, па нема да биде наметната на било која локација. Исто така, конкурентните прелистувачи се во сопственост на компании кои имаат огромни средства да инвестираат во развојот, што ги става Mozilla во нешто послаба позиција. Ова сепак не би бил единствен извор на средства на Mozilla, односно тие веќе добиваат средства, на пример за поставување на Google како основен пребарувач во Firefox.

Извор: Mozilla Blog

Претходна статијаTwitter тестира поголема промена на дизајнот
Следна статијаGeeksphone Revolution ќе почне да се продава од 20-ти Февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.