TwitterLayout1

Според промените на профилите на одредени корисници, начин на кој што Twitter обично тестира промени, може да се види целосна промена во дизајнот на профилите на сервисот. Twitter е познат по својата листа на новости која што се карактеризира со едноставен дизајн, кратки текстуални објави хронолошки наредени и без многу слики и додатни информации. Кратко кажано се на Twitter се врти околу кратки пораки, кои што се ограничени на 160 карактери.

Новиот дизајн на Twitter профилите целосно го менува карактеристичниот и веќе долго време користен стил и оди повеќе во правец на останатите социјални мрежи како Facebook и Google+. Од сликата може да се види профил каде што на левата страна стои профил сликата на корисникот, голема cover слика и ленти со бројот на твитови, слики и видеа, корисници што ги следите, следбеници, омилени и листи. Листата со новости исто така е променета од досегашната хронолошки подредена листа, па истата е заменета со поголеми карти наредени во два реда. Ваков стил на прикажување на новостите на профил страните на своите корисници воведе Facebook пред одреден период, што не беше баш најдобро прифатено од корисниците, па потоа заменето со сегашниот стил на подредена листа.

Иако промените не се официјални и не се потврдени од страна на Twitter, нивното тестирање не претставува изненадување после објавените резултати за минатата година која што покажува намалување на бројот на нови корисници на социјалната мрежа.

Извор и слика: Mashable

Претходна статијаiOS 7.1 ќе биде достапен во Март
Следна статијаMozilla ќе прикажува реклами на новите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.