Според извори на 9to5Mac надградбата на iOS 7.1 се очекува да биде овозможена за корисниците во Март оваа година. Според нив, а и од тоа што може да се види од бета верзиите на оваа надградба, истата не донесува големи промени или нови функции. Во главно надградбата се однесува на поправање на одредени проблеми кои што се имаат јавувано кај одредени корисници, како и подобрување на перформансите.
Исто така iOS 7.1 ќе има одредени измени на корисничкиот интерфејс на Phone апликацијата, подобрување на Calendar апликацијата, подобрувања во брзината на работа, како и поправки на багови.
Информациите не се официјални и потврдени од страна на Apple, па до Март нема да биде позната точноста на овие информации.
Извор и слика: 9to5Mac