Знаменосците на Samsung кои беа претставени на годинешниот саем во февруари, конечно се најдоа во продажба минатата недела. Популарните Galaxy S9 и S9+ кренаа голема медиумска прашина уште пред да се појават на саемот. Eдна од последните гласини поврзана со нив е високата цената за производство на поголемиот модел.

Според наводите, S9+ ја чини компанијата 379$ за да биде произведен. Со оваа цена тој го добива епитетот на најскапиот телефон за производство од редот на компанијата. На врвот пред него се наоѓа само еден уред. Разбирливо, конкурентскиот iPhoneX на Apple кој чини само 10$ повеќе.

Цената за производство главно ја сочинува чипот во кој е сместен процесорот и екранот. Exynos 9810 чипот кој го користат уредите од последната генерација чини 68$, додека AMOLED панелот вреди повеќе од 70$. Добар дел од цената креираат и скапите компоненти како предната и задната камера, единиците за чување на меморијата и физичката заштита.

Вака формираната цена и понатаму е предмет на проценки и не е 100% точна. Не би смееле да се изостават цените за транспорт, маркетинг и развој кои играат клучна улога. Но, во секој случај тоа е двојно помалку од цената која вие како купувач треба да ја платите за да го поседувате ова задоволство.

Претходна статијаFBI откри „докази“ за руски сајбер напади, токму на денот на претседателските избори
Следна статија„НЕОТЕЛ“ со нова промотивна понуда за оптичките пакети