Последниот заеднички извештај на FBI и Департманот за јавна безбедност на САД наведува дека руски сајбер оперативци изведувале напади врз клучна инфраструктура. Нападите се случувале во период од март 2016-та до денес, а мета биле најразлични инфраструктурни објекти. Омилени сајбер мети биле нуклеарни и електро централи, водоводна инфраструктура и слични објекти од голема важност.

Според овие две реномирани безбедносни агенции зад нападите стои хакерска група Dragonfly која е директно помогната од руските безбедносни служби. Нападите биле спроведувани плански и мошне организирано. Па така напаѓани биле комерцијални објекти кои поседуваат застарени безбедносни системи. Подоцна, преку нив биле напаѓани главните цели односно инфраструктурни објекти.

Вакви обвинувања „испливуваат“ практично оркестрирано од кујната на FBI токму на време за претседателските избори во Русија. Мали или никакви беа шансите на овој начин да се влијае на исходот на истите во екот на кампањата. Во секој случај вредеше да се проба…

ИЗВОРThe Next Web
ИЗВОР 2USA CERT
Претходна статијаTesla претстави унапреден автопилот кој владее со свиоците
Следна статијаGalaxy S9+ е најскапиот уред за производство на Samsung