venue-8-7000

Компанијата Dell ја знаеме како произведувач на квалитетни компјутерски и лаптоп конфигурации веќе повеќе од една деценија. Иако во последно време таа помалку се појавува на нашите „радари“ под удар од квалитетни, а поевтини производители како Asus, сепак таа задржи голем дел од пазарот особено кај корпоративните, бизнис клиенти. Dell сепак не се откажува од стандардниот потрошувачки пазар, па дури и работи на тоа да го „возврати ударот“ и тоа преку неколку серии на преносни компјутери.

Запознајте се со Dell Venue 8 7000 – премиум таблет за премиум пазарот на Android таблети. Овој таблет е најавен на CES2015 и „блика“ од квалитет. Изработен е во алуминиумско куќиште со одредени делови пластика и е веројатно најтенкиот Android таблет со само 6 милиметри дебелина.

Останатите перформански се како следат:

  • 8,4 инчен OLED екран со резолуција од 2.560 х 1.600 (густина: 361 ппи)
  • Четири јадрен Intel Atom процесор Z3500 на 2,3 GHz
  • 2GB RAM меморија
  • 16GB внатрешна меморија
  • влез за SD картичка
  • 802.11ac WiFi, Bluetooth, GPS, а во иднина веројатно и LTE радио
  • скоро оригинална („Ванила“) верзија од Android 4.4 или 5.0 (Lollipop)
  • околу 10 часа батерија
  • 8 мегапиксели задна камера
  • два предни звучника

Кога веќе зборуваме за камерата треба да напоменеме дека овој таблет има т.н. RealSense камера. Се работи за двојна камера која овозможува да се постигне длабинска димензија во фотографијата, да се смени фокусот од една точка на друга и да се измерат растојанија меѓу објекти во просторот кои биле фотографирани.

Звучниците кои се наоѓаат на предната страна се потпомогнати од MaxxAudio од Waves, позната компанија за аудио технологија и обработка во професионалниот аудио свет. Екранот пак, се простира скоро до самата ивица на таблетот, не оставајќи скоро воопшто простор за рамката. Кога ќе го погледнете таблетот ќе видите практично само прекрасен OLED екран кој ќе ве примами да го управувате.

Venue 8 7000 доаѓа со Dell Cast – комбинација помеѓу софтверска апликација и хардверски додаток кој се закачува на било која HDMI порта и која овозможува тоа што го гледате на екранот на таблетот да го пренесете на било кој екран што поддржува HDMI влез. Во таблетот можете и да вклучите тастатура и глушец и да го користите како нормален компјутер – што секако ќе им помогне на оние кои би сакале да не носат со себе лаптоп и таблет за различни употреби, туку да имаат еден уред кој ќе ги работи сите работи. Ова доаѓа за одредена надокната.

Од додатоците за кои се плаќа би ги додал и Bluetooth преносните звучници, бежична тастатура со заштита за таблетот, стило за управување на истиот без прсти, како и додаток како маските за iPad кој овозможува да го поставите таблетот на косо ако сакате да го оставите да стои така на некоја маса или биро.

Се’ на се’, со Venue 8 7000 изгледа дека Dell ја постигнале целта на создавање на премиум таблет кој може да ги засени дури и Nexus 7 и iPad. Дополнително, неговата цена ќе биде околу 400 долари што не претставува огромен трошок за тоа што го добивате со овој таблет. Чекаме да видиме кога ќе почне да се појавува по нашите продавници.

Извор: Gigaom, Дел 1 и 2

Претходна статијаLenovo Yoga Tablet 2 со AnyPen технологија овозможува пишување со било кој предмет
Следна статијаIntel Compute Stick – Минијатурен преносен компјутер од Intel