drawing_2

Lenovo претстави нова верзија од својот Windows таблет компјутер Yoga Tablet 2 на CES2015 настанот. Главната новина која што ја вклучува овој таблет е таканаречената AnyPen технологија. Оваа технологија овозможува користење на таблетот, односно пишување на него со скоро секој предмет кој што би можеле да го искористите.

Можеби за некои корисници ова не е некоја посебна предност, меѓутоа за тие кои што често го користат својот таблет компјутер за запишување на брзи белешки или други посериозно активности кои што бараат користење на електронско пенкало, ова може да испадне како одличен додаток.

Се разбира, таблетот работи и со стандардните електронски пенкала, но AnyPen овозможува да не мора да купувате такво или доколку го имате загубено да не мора да се грижите за неговата замена. Исто така, ова е погодно за ситуациите кога не сте сметале дека ќе ви треба пенкалото, па ќе најдете некој друг предмет во близина.

Иако оваа технологија овозможува користење на било кој предмет, сигурно како најпрактична ќе се погоди можноста за користење на обично пенкало или молив. На тој начин се добива и како што истакнуваат од компанијата, пишувањето на таблет компјутер интуитивно како пишувањето на обична хартија.

Lenovo Yoga Tablet 2 со AnyPen доаѓа и со следните останати карактеристики:

  • 8 инчен екран со Full HD резолуција
  • Intel Atom quad-core процесор кој што работи на 1.86 GHz
  • 2GB RAM меморија
  • 32GB внатрешна меморија за складирање
  • Батерија која што треба да издржи до 15 часа работа
  • Windows 8.1 оперативен систем

Извор: Geek, ZDNet

Претходна статијаНеофицијални слики од Spartan, можниот нов прелистувач од Microsoft
Следна статијаDell Venue 8 7000 – премиум таблет од Dell
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.