apple-vr-headset copy

Иако вистински ги донесоа паметните телефони со екран на допир на сцената, Apple во последно време само ги следат светските трендови, па така, по лансирањето на Watch, се очекува и лансирање на сет за виртуелна реалност, сличен на Samsung Gear VR, односно LG VR, кои веќе го освојуваат пазарот. Интересно, апликацијата за патентот Apple ја има патентирано уште во 2008 година, па е нејасно зошто први не излегоа со него на пазарот.

Идејата е да се користи дисплејот и компјутерската моќ на iPhone и тоа веројатно на поголемиот, 6 Plus. Уредот би можел да дојде и со далечински управувач, кој би требал да го олесни управувањето, заедно со сензорите вградени во паметниот телефон. „Очилата“ ќе имаат електронска поврзаност со телефонот и на него ќе активираат нов мод на работа кој ќе одговара на потребите за „виртуелна реалност“.

Според патентот, сетот за “VR” на Apple има можност и за различни аксесоари и додатоци, како на пример дополнителна батерија, хардверски копчиња, дополнително ладење, па дури и дополнителни површини осетливи на допир, слично на тачпадите за лаптопите. Доколку стигнат на пазарот, “VR” очилата на Apple ќе бидат и првите во гамата на производителот што ќе имаат можност за дополнителна надворешна меморија, иако тоа веројатно нема да биде во облик на micro SD картичка.

Корисниците денес веќе имаат можност да го користат својот iPhone како дисплеј за виртуелна реалност, благодарение на Zeiss VR One, односно Pinc VR сетовите, но тие немаат никаква софтверска поддршка од Apple и можат да се користат за гледање на филмови, односно играње на неколку игри што поддржуваат движење со сензорите на паметниот телефон.

Сетот за виртуелна реалност на Apple сепак веројатно нема да го видиме набрзо на пазарот, поради тоа што главната енергија на производителот е сега насочена кон лансирањето на Watch, кој ќе биде првиот уред на производителот кој ќе може да се носи, односно популарно наречените, “Wearables”.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаНаучниците пронајдоа начин да гледаат низ непроѕирни објекти
Следна статијаДигитална зависност: Лекции од Нир Ејал