x_ray_family_wallpaper_x_ray_3d_wallpaper_1280_960_241

Кога имаме скршеница на коска и други проблеми со коските и лигаментите обично докторите не’ праќаат прво на рентгенско снимање, па потоа ако треба и на магнетна резонанца. Проблемот со рентгенските зраци е што се штетни за организмот и можат да предизвикаат оштетувања на разни ткива, па дури и да предизвикваат рак ако премногу се зрачите. Од друга страна магнетната резонанца не е штетен метод на снимање, но бара огромна машина која воедно и чини многу.

Зраците кои се штетни за нас се обично единствените кои можат да пробијат низ телото и да ни ги откријат внатрешните состојби. Затоа обичната светлина не може да се користи за преглед на внатрешнината, бидејќи бива распрскана или апсорбирана од ткивата. Сега, научници од Универзитетот од Твенте, Холандија, Алард Моск и Иво Фелкооп, успеале да направат пробив со обична светлина низ солиден објект.

Тие практично светеле со обична светлина врз стакло кое било обоено со бела боја и го фокусирале зракот на другата страна. Детектор на втората страна ги детектирал светлосните зраци, а компјутер ги следел должината и фреквенцијата на светлосните бранови. На нивно изненадување, ваквиот метод работел и тие можеле да ги детектираат зраците од другата страна – нешто што редовно не би можело да се изведе.

Ваквиот пронајдок ќе може да се искористи во медицината за создавање на скенери на внатрешни ткива кои би работеле на обична светлина – избегнувајќи ги негативните ефекти и многукратно зголемувајќи ја резолуцијата на снимање. Една од причините зошто видливата светлина се апсорбира и раскршува е поради тоа што таа има поголема фреквенција – и затоа поголема резолуција, но помала енергија на брановите.

Консолидација на раскршените бранови научниците оствариле преку користење на метод кој астрономите го користат за консолидирање на светлината која доаѓа од ѕвездите, наречен адаптивна оптика. Во основата, се работи за изменливо „огледало“ кое се менува во однос на претпоставката за искршувањето на патеката на светлината, и така се создава „исправена“ слика.

Со ваквата техника научниците засега успеале да пробијат низ уши на глувци, а се работи на поголема моќност на пробив и брзина на скенирање (која веќе ја имаат намалено од 1 час на неколку милисекунди).

Како што напишав погоре, скенер со видлива светлина ќе донесе подобрување во медицинското скенирање на ткивата, намалување на цената и намалување на штетата кои некои методи ги предизвикуваат на телото. Останува да видиме како ќе се развива оваа технологија во иднината.

Извор: The Verge, Phys.org

Претходна статијаХард дискот на вашиот компјутер можеби во моментов ве шпионира
Следна статијаApple патентира свој сет за виртуелна реалност