Фото: Shutterstock.com

YouTube, на десктоп и мобилните апликации, добива една одлична новина која посебно ќе се погоди кога се гледаат подолгите видеа, а не секогаш целата содржина е причината за гледање на тоа видео.

Новата функција е наречена „Most replayed“ и во основа истата ќе ги прикажува деловите од видеото кои се најчесто гледани, односно се најпопуларни кај корисниците. Со тоа кога се гледа некое видео ќе може да се отиде директно на тој дел и да не се гледа или бара низ целото видео за да се дојде до саканата информација.

Овие популарни делови од видеата ќе се гледаат преку посебна ознака на малата слика која се појавува кога се „премотува“ низ видеото, а над лентата ќе биде поставен графикон кој за целото видео ќе го прикажува нивото на гледање.

Колку е повисок графиконот, толку тој дел од видеото е повеќе гледан, па корисниците ќе можат лесно да добијат претстава на кои делови се задржуваат другите корисници.

Ова не секогаш би се погодило како корисно, односно не секогаш тоа што го бара еден корисник е поврзано со популарноста, но дефинитивно ќе се погоди како корисно во доста ситуации, како надополнување на одлична функција за поглавја на видеата.

Покрај оваа новина, YouTube ја проширува достапноста на поглавјата и кај апликацијата на телевизорите и играчките конзоли. Ова дефинитивно фалеше кај телевизорите, па сега ќе може лесно да се најде делот што се сака да се гледа и на големите екрани.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаОтворање на пермакултурна градина во МКЦ
Следна статијаРуската подружница на Google поднесе барање за стечај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.