YouTube во периодот што следи треба да добие мали промени во корисничкиот интерфејс, конкретно во делот кога се гледа видео на целиот екран. Мора да се признае дека моменталната поставеност на овој дел, иако веќе одамна е така, може да биде доста подобра, па промените кои веќе ги имаат добиено некои корисници, делуваат како големо подобрување.

Од тоа што може да се види на сликите, копчињата како like, dislike, share, save, заедно со новиот додаток копче за гледање на коментарите, се додадени на долната лева страна, а досега до нив се стигаше со повлекување нагоре два пати, односно не беа лесно и директно достапни.

Исто така, предлозите за видеа, наместо да се гледаат делумно на целата долна страна, сега се поставени со посебно копче на десната страна, па корисниците ќе можат да притиснат за да ги видат.

Иако се работи за мали промени, подобрувањето на корисничкото искуство е доста големо, па повеќето активност сега ќе може да се направат многу побрзо и без потреба од „скролање“ надолу или враќање во „портрет“ позиција на телефонот.

Нема информации кога овие промени ќе бидат пуштени за сите корисници, а се најавува дека за нив нема да има потреба од ажурирање на апликацијата, односно Google ќе ги пушти од нивните сервери.

Промените треба да им бидат достапни на корисниците на Android и iOS.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаFacebook се очекува да изгуби 10 милијарди долари оваа година поради мерките за приватност на Apple
Следна статијаNetflix и оваа година ќе пушта по еден филм секоја недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.