Фото: Shutterstock.com

Подружницата на Google во Русија ќе поднесе барање за стечај по запленување на банкарската сметка на компанијата од страна на властите. Поради оваа одлука, компанијата веќе не е во можност да ги извршува своите финансиски обврски, по што ќе мора да престане да функционира.

Иако Google не е првпат да има по некој проблем во Русија, случувањата околу војната во Украина направи да престанат со соработка повеќето американски компании во оваа земја. Блокирањето на можноста за функционирање е исто така нешто што властите во Русија послободно го прават по официјалното влегување во конфликт со западните земји.

Затворањето на компанијата во Русија нема да доведе до прекинување на сите сервиси од Google, односно бесплатни сервиси како Search, Gmail, Maps, Android и слични ќе продолжат да бидат достапни и да функционираат.

„Запленувањето на банкарската сметка на Google Russia од страна на руските власти го направи неодржливо функционирањето на нашата канцеларија во Русија, вклучително и вработување и плаќање на вработени во Русија, плаќање добавувачи и продавачи и исполнување на други финансиски обврски“, истакна портпарол од Google.

Според некои информации, дел од вработените ќе продолжат да работат во Google и ќе ја напуштат земјата, наводно префрлувајќи се во Дубаи, а дел ќе останат во земјата и веќе нема да можат да работат во компанијата. Со оглед на тоа дека се работи за неофицијални информации, не е познато колкава е бројката на вработените кои ќе продолжат да работат во компанијата.

Според Alphabet, Google во Русија претставува 1% од нивните вкупни приходи, односно минатата година тие изнесувале 2,6 милијарди долари.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаYouTube ќе ги прикажува најмногу гледаните делови од видеата
Следна статијаWindows 11 им е достапен на сите компатибилни компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.