Microsoft веќе еднаш истакна дека Windows 11 ќе им биде достапен на сите компатибилни компјутери порано од планираното во јануари, сега повторно го истакнува овој статус на оперативниот систем со дата од 17 мај.

Без разлика дали плановите биле нешто одложени или од компанијата ова го користат како потсетување, останува фактот дека системот за машинско учење веќе не одлучува кој ќе ја добие надградбата, па секој кој е заинтересиран може да ја инсталира.

Останува правилото дека Windows 11 може да го инсталираат само компатибилните компјутери, а од Microsoft со Windows 11 се доста построги за барањата кои ги има овој систем од компјутерите. Во главно, доколку имате компјутер постар од 5 години, најверојатно Windows 10 во Windows Update ќе ви каже дека вашиот компјутер не е компатибилен и не можете да го инсталирате Windows 11.

Означувањето на Windows 11 како достапен за сите значи дека оперативниот систем, како и процесот на надградба, веќе се доволно стабилни, па може слободно да им биде препорачан на сите корисници, вклучително и на бизнис корисниците кои повеќе внимаваат на тоа.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаРуската подружница на Google поднесе барање за стечај
Следна статијаApple Watch 8 може да добие редизајниран изглед со рамен екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.