Неофицијалните извори, кои и минатата година најавија можност за ова, тврдат дека Apple ќе направи мал редизајн на нивниот паметен часовник, а главната промена ќе биде кај екранот кој треба да биде рамен, наместо заоблен како сега.

Оваа промена ќе повлече и мала промена на дизајнот околу екранот, а доколку часовникот изгледа како на неофицијални слики, дефинитивно се работи за одлична одлука од компанијата.

Неофицијалните информации доаѓаат од „ShrimpApplePro“, како и од повеќе познатиот Џон Просер кој истакна дека уште минатата година најавува ваква промена.

Според неофицијалните информации, Apple оваа година треба да претстави три нови модели од нивниот часовник, па покрај Apple Watch Serios 8, се очекува претставување на втора генерација од Watch SE, како и Apple Watch Explorer Edition, поиздржлива верзија која можеби повеќе ќе успее да им конкурира на одличните Garmin.

За Apple Watch 8 исто така се најавува можност за воведување на сензор за температура кај фитнес функциите, а ова стана доста популарно изминатите години со корона кризата, како и веќе достапната функција за мерење на кислородот во крвта.

Apple нивните часовници обично ги претставува во есен, па останува уште време додека видиме што се ќе биде претставено, а има и време за уште неколку неофицијални информации.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаWindows 11 им е достапен на сите компатибилни компјутери
Следна статијаWizz Air прославува 18 години од првиот лет и ги наградува своите патници со 18% попуст на сите летови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.