Скопје, 19 Мај 2022: Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа* која воедно е и една од најодржливите, денес прославува 18 години од работење во Европа. По повод својата годишнина, авиокомпанијата им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на WIZZ. Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022.

За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на Катовице – Лондон Лутон рутата, Wizz Air константно ја проширува својата мрежа на рути и флотата на авиони. Исто така, од како беше направен првиот лет од Северна Македонија во 2012, авиокомпанијата им нуди на своите македонски клиенти поволни алтернативи по ниски цени до различни дестинации насекаде низ Европа и не само тоа, денес имаме летови од  2 аеродроми во земјата.

Wizz Air нуди широк спектар на нискобуџетни летови до најатрактивните локации во Европа. Картите се достапни за резервација, онлајн на wizzair.com како и преку мобилната апликација. Изненадете ги вашите пријатели, вашето семејство или самите себе со карта до посакуваната дестинација, без разлика дали станува збор за сончева плажа, прошетка во некој од најубавите градови или посета на странска дестинација.

Претходна статијаApple Watch 8 може да добие редизајниран изглед со рамен екран
Следна статијаРСБСП: Матурските прослави нека поминат без сообраќајни инциденти