Фото: Shutterstock.com

YouTube Shorts, кратките видеа во стилот на TikTok и Instagram Reels, веќе нема да може да прикажуваат линкови, а ова е направено со цел да се спречи очигледно големата појава на спамирање на корисниците.

Линковите нема да може да се поставуваат во описот на видеото, во коментарите, како и за време на видео во живо. Исто така, на десктоп корисниците нема да можат да кликнат на иконите од друштвени мрежи на каналот од креаторите на овие видеа.

Со оглед на фактот дека можноста за додавање на линкови е доста важна за креаторите, од компанијата ќе им овозможат нови начини како безбедно тоа да го направат.

Еден пример е додавање на линкови во сличен стил како на Instagram, односно во описот од каналот, каде креаторите ќе можат да додадат неколку линкови.

Со оглед на тоа што од Google се имаат одлучено на ваков потег, покажува колку е сериозен проблемот со спам линкови кои се поставуваат на Shorts видеата, а посебно тие во коментарите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаGoogle Chrome ќе почне да добива безбедносни надградби секоја недела
Следна статијаMicrosoft ја тргна Cortana апликацијата од Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.