Споделување не локацијата како опција, иако не претерано популарна, на корисниците им е веќе позната од социјалните мрежи како Facebook, Swarm, па дури и сервисите како Lyft и Uber. Споделувањето на местото на кое се наоѓаат корисниците можат да го користат во низа различни цели, но дефинитивно популарноста на оваа опција остана под очекуваното.

Што се однесува до компанијата Google, ова ќе биде втор пат некоја од нивните апликации да ја воведе оваа опција. Се работи за Google Maps, логички, каде опцијата ќе понуди споделување на локацијата со вашите пријатели, роднини, партнери и слично. Споделувањето ќе биде за одреден временски период или долгорочно.

Ваквата локација беше вклучена во апликацијата во верзиите до 2013-та година, кога необјасниво беше повлечена, а корисниците без размислување се префрлија на алтернативни апликации кои нудат гео-локација.

Дијапазонот на можности кои ги нуди ваквата алатка е навистина голем. Практична намена може да се најде при долги патувања, доколку патувате со големо друштво и повеќе возила. Меѓутоа, секогаш постои и „темната“ страна на откривањето на сопствената локација. Од истите причини опцијата беше исклучена од сервисот на Facebook, каде корисниците имаа увид во прецизната локација на соговорникот, доколку опцијата беше вклучена. Проблемот настана кога голем број од корисниците неволно ја користеа алатката оставајќи простор да бидат следени. Ваквиот факт не оди во прилог со политиката на најпопуларната социјална мрежа која цели кон максимална контрола на корисниците при споделувњето информации. Наместо прецизна локација, сервисот беше заменет со приближно лоцирање кое сепак одржува солидна доза на приватност.

Поучени од праксата, развивачите на оваа технологија во Google работат на поправање на недостатоците кои беа откриени во пракса. Како што велат, нивната цел е поедноставување на работите, полесен пристап и транспарентност. Самата апликација испраќа известување во врска со статусот на гео-локацијата и нејзината видливост за други корисници, како и цел тим кој работи на подобрување системите за заштита.

Гео-локацијата е само една од новините на Google Maps со кои компанијата „го возвраќа“ ударот на Apple Maps. Ефикасноста и едноставноста за користење на Apple Maps во последно време, создаде навистина здрава конкуренција во бизнисот, па од меѓусебниот натпревар на двата гиганти, се чини дека корисниците ќе го имаат најголемиот ќар.

Извор: Google

Претходна статијаVaio смартфонот со Windows сега достапен и со Android
Следна статијаИграњето друштвени игри е добро за вашето здравје