Airbnb започна со тестирање на технологија со која треба да се намали шансата да некој простор биде изнајмен од страна на луѓе кои тоа го прават со цел да направат забава, без дозвола од издавачот секако.

Оваа „анти-забава“ технологија од компанијата, односно слична, веќе ја имале тестирано во Австралија, а сега тестот го прошируваат и во САД и Канада.

Целта е секако да се намали штетата која се нанесува на корисниците на Airbnb кои ги издаваат своите станови и куќи, а исто така да се внимава повеќе на околината, односно соседите.

Начинот на којшто функционира технологијата е преку земање во предвид на неколку фактори како што се оценките кои ги има корисникот, односно негативните оценки, колку време е корисник на Airbnb, колку време е планирано изнајмувањето, оддалеченоста од местото на живеење, како и дали просторот се изнајмува во текот на работната недела или викенд.

Овие фактори логично е како би можеле да се показател што планира да направи корисникот со местото кое го изнајмува, а ако на тоа се додаде и претходен систем од Airbnb за лица под 25 години, може да се очекува мал процент на грешки.

Доколку некој не може да изнајми куќа поради овој нов систем, од компанијата истакнуваат дека корисникот ќе може да изнајми соба или хотел преку сервисот, нешто што се верува дека има поголеми шанси газдата да е во просторот, па нема да може да се направат несакани активности.

„Примарната цел е обидот да се намали можноста на лошите извршители да организираат недозволени забави кои негативно влијаат на нашите домаќини, соседи и заедниците на кои им служиме.“ – истакнуваат од Airbnb.

Сличната верзија од овој нов систем која била тестирана во Австралија има постигнато 35% успех во намалувањето на ситуациите на изнајмување на простор со цел организирање на забава.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаApple затвори неколку безбедносни пропусти кај нивните оперативни системи
Следна статија(НЕ)Праведноста на даночната реформа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.