Фото: Shutterstock.com

Apple оваа недела ги пушти верзиите iOS 15.6.1, iPadOS 15.6.1 и macOS 12.5.1. Како што може да се види од малата промена на бројката на верзијата, овие надградби не донесуваат нови функции, туку се пуштени за затворање на неколку посериозни безбедносни пропусти.

Два пропусти се сметаат како најважни и се истакнува дека тие веќе се искористуваат, што значи дека се препорачува корисниците на овие системи што поскоро ги инсталираат овие нови верзии.

Пропустите се поврзани со WebKit технологијата која се користи од страна на Safari и другите прелистувачи на Apple системите, како и пропусти на ниво на „kernel“ системот, два важни делови.

Иако се препорачува што поскоро инсталирање на овие надградби, не значи дека секој обичен корисник има ризик нешто да му се случи на неговиот уред.

Apple стандардно ги вклучува безбедносните надградби да се инсталираат автоматски, но сепак корисниците можат самите да проверат за нова верзија во Settings.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаБесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт
Следна статијаAirbnb тестира технологија против забави во САД и Канада
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.