play-store-5-screens

Новата верзија од Android оперативниот систем наречена L, која што се’ уште е во фаза на тестирање од програмерите, се очекува да биде официјално достапна од идниот месец. Како што сигурно ви е познато, една од најголемите промени кога не говориме за позадинските, е новиот дизајн стил кој што ќе се користи во оперативниот систем, а со тоа и од страна на апликациите. Дизајнот, наречен Material Design, содржи одредени правила кои што програмерите и дизајнерите ќе треба да ги следат при правење на нивните апликации.

Додека Android L биде официјално достапен, Google полека работи на промена на некои од нивните апликации во новиот Material Design. Една од апликациите која што го доби новиот дизајн, пред официјалното излегување на новата верзија од оперативниот систем, беше Chrome прелистувачот.

Користењето на Material Design подразбира користење на рамни делови наместо досегашните, како и поголемо истакнување на боите. Исто така, новиот дизајн вклучува нови анимации кои што можеме да кажеме дека изгледаат одлично и го освежуваат корисничкиот интерфејс на системот.

Продавницата за апликации Play, веќе доби мала доза на Material Design со надградбата која што беше пуштена изминатото лето. Со таа надградба Material дизајн доби делот од продавницата на кој што се прикажани апликациите, меѓутоа остатокот остана непроменет. Од оваа недела Google ја пушта 5-та верзија од Play продавницата која што и остатокот од апликацијата ја прави по правилата на новиот дизајн. Сега веднаш кога ќе ја вклучите продавницата ќе го забележите новиот дизајн, како и новите анимации. Што се однесува до начинот на работа и организирање на продавницата, остануваат исти, па нема да има потреба од навикнување или учење на нови работи.

Новата верзија исто така вклучува и нова икона која што можете да ја видите на следната слика, заедно со иконите кои што се користат од почетокот до сега.

marketbags

Новата верзија од Play продавницата го носи бројот 5.0.31 и постепено ќе биде пуштана за сите корисници. Доколку сепак не сакате да чекате, можете да ја симнете надградбата преку следниот линк. Се работи за apk фајл со името com.android.vending-5.0.31-80300031-minAPI9.apk.

Извор: Engadget, Android Police

Претходна статијаПретставена нова верзија на Skype за десктоп, го унифицира искуството низ сите уреди
Следна статијаTesla претстави нови верзии од S моделот со погон на сите тркала и автопилот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.