skype-desktop-new

Иако Skype за десктоп повеќе пати го има променето својот дизајн со текот на годините, со зголемувањето на корисниците преку мобилните уреди, оваа верзија остана со „стариот“ дизајн кој што не се користи во мобилната верзија од апликацијата. Најава дека тоа ќе се промени и дека десктоп верзијата ќе биде направена во унифициран дизајн како и на другите уреди, имаше во Април оваа година. Информацијата дојде од читател на порталот Neowin кој што тврдеше дека по грешка ја добил надградбата од која што можел да види на што се работи.

Денеска, нешто повеќе од 6 месеци подоцна, Skype официјално ја претстави новата верзија на својата десктоп апликација. Како што беше најавено, новиот Skype за десктоп е направен во стилот кој што се користи кај мобилните верзии, па може да се каже дека сега корисничкото искуство е унифицирано. Сега без разлика каде го користите Skype, неговиот изглед и функции ќе бидат исти и познати.

Дизајнот е направен во рамен стил, разговорите се водат во таканаречениот “bubble” формат каде што на секоја порака стои сликата од вас и соговорникот. Досега пораките беа поставени во линија една под друга, а до секоја стоеше името на тој што ја има напишано пораката. Сликите кои што ги споделувате преку Skype сега се прикажуваат во самата апликација, па не мора посебно да ги отворате.

Новата верзија можеби ќе биде повеќе добредојдена за корисниците на Mac, поради тоа што тие одамна немаат добиено надградба која што ќе го доведе Skype на ниво на Windows. Сега двете верзии се исти, па никој не добива повеќе или помалку.

Skype за Windows можете да го симнете, меѓутоа верзијата се’ уште не е финална, односно се работи за Preview верзија. Сепак верзијата работи без проблеми, па можете слободно да ја користите. За Mac, Skype е во финалната верзија и можете да го симнете преку следниот линк.

Извор: Skype, The Verge

Претходна статијаВо тест надувувачки вселенски модули од страна на Bigelow
Следна статијаНајновата верзија на Google Play продавницата надградена со повеќе Material Design
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.