Microsoft денеска ја најави наредната верзија од Windows 10, која како и секоја година ја пушта во втората половина од годината. 21H2 е верзијата која е на ред и која се очекуваше дека ќе биде пуштена, а истата донесува само неколку помали новини и ќе биде инсталирана како и другите помали надградби, односно месечни ажурирања на оперативниот систем.

Вниманието во втората половина од годината секако ќе биде на Windows 11 кој моментално е достапен во тест верзија. Корисниците како и секогаш се очекува дека нема сите веднаш да се одлучат на надградба, но овој пат и тоа нема да можат да го направат некои од корисниците кои сакаат. Причината за тоа е потребата од понов процесор кој доаѓа со одредени безбедносни можности, па постарите компјутери нема да можат да ја добијат надградбата на Windows 11 која е бесплатна за корисниците на Windows 10.

Windows 10 ќе биде поддржан до 2025 година, Microsoft веќе ја одреди оваа дата, а информацијата тогаш се сметаше како доказ за претставувањето на Windows 11, во тој период уште во форма на шпекулации.

Windows 10 21H2 донесува три новини кои се поврзани со безбедноста на Wi-Fi, Windows Hello, како и со Windows Subsystem for Linux. Од ова се гледа дека оваа верзија не донесува некои новини поврзани со нови функции, па корисниците во главно ќе ја инсталираат чисто затоа што е достапна.

Оваа верзија веќе е достапна во Windows Insider програмата, па заинтересираните можат да ја инсталираат.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаFacebook ги потсетува корисниците на Instagram за поголемиот број на можности кои ги има мрежата
Следна статијаXiaomi го презема второто место во светот и ги помина Apple според бројот на продадени уреди во втората четвртина од 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.