Фото: Shutterstock.com

Веќе одамна е јасно, а посебно за помладите корисници, дека Instagram е многу повеќе популарна друштвена мрежа од Facebook. Иако бројот на корисници на Facebook не се намалува, сепак иднината личи дека ќе остане на Instagram, TikTok и сличните.

Facebook во тест известување кај мал број на корисници кои ги имаат поврзано своите Facebook и Instagram сметки, се обидува да ги потсети корисниците да ја користат оваа „стара“ мрежа.

Известувањето се појавува на почетокот од Instagram апликацијата и во него стои информација дека одредени работи може да бидат направени само преку Facebook, работи како барање работа, купување и продавање на добра, следење на најновите новости и слично.

Од Facebook ја потврдуваат информацијата и истакнуваат дека моментално известувањето се пушта кај многу мал број на луѓе и само кај тие кои ги имаат поврзано двете друштвени мрежи, односно нивните сметки.

Реакцијата на ова е дека воопшто не изненадува фактот дека Facebook сака да остане главната мрежа, иако Instagram е во нејзина сопственост. Според некои информации, Марк Закерберг се тврди дека бил љубоморен на успехот на Instagram, а видовме дека тој не успеа да најде заеднички јазик со основачите на оваа мрежа по што тие ја напуштија компанијата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаValve го претстави Steam Deck – рачен мини гејминг компјутер
Следна статијаMicrosoft ја најави Windows 10 21H2 верзијата која ќе стане достапна во втората половина од годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.