Valve, познатата компанија која стои зад Steam продавницата за игри, го претстави Steam Deck. Се работи за мал, рачен гејминг компјутер кој може да се каже дека е конкуренција на Switch од Nintendo.

Steam Deck доаѓа со 7 инчен екран со резолуција од 1280 на 800 пиксели и 16 на 10 формат. Екранот е направен со LCD технологија и има стапка на освежување од 60 херци, како и 400 nits осветлување.

За работата на уредот поставен е AMD APU со ZEN 2 четири јадрен процесор и 8 threads. Графиката е со 8 јадра RDNA 2 и потрошувачка на енергија од 4 до 15W.

Корисниците имаат избор од 64GB eMMC, 256GB NVMe и 512GB high-speed NVMe SSD дискови од кои зависи и цената на Steam Deck, а истата почнува од 399 долари, па оди се до 649 долари за најсилниот модел.

На уредот се поставени голем број на контроли, односно корисниците ги добиваат сите контроли кои би им биле потребни и кои се карактеристични за играчките конзоли, но и во комбинација на додатни контроли.

Steam Deck работи на SteamOS од компанијата, што значи дека е базиран на Linux. Тоа значи дека изборот на игри кои ќе бидат достапни се игрите достапни за SteamOS, иако од Valve најавуваат дека преку Proton програмерите нема да треба да ги прилагодуваат игрите да можат да работат на форматот на Steam Deck, а исто така ќе може да функционираат игрите достапни на Windows.

Уредот покрај тоа што е замислен да се користи со држење во рацете, тој може да се поврзе со екран или телевизор. Тоа иако може да се направи со соодветните кабли, Valve ќе овозможи и посебен „док“ за поврзување на Steam Deck.

Steam Deck треба да почне да се продава од декември оваа година и ќе биде достапен во ограничен број на земји, односно на почеток ќе може да го купат корисниците во САД, Канада, Европската Унија и Велика Британија. Од идната година достапноста треба да биде проширена.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung ја претстави Интернет 15.0 Бета верзијата
Следна статијаFacebook ги потсетува корисниците на Instagram за поголемиот број на можности кои ги има мрежата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.